Опис
Ретка можност за купување на врвен семеен дом со највисок стандард на живеење во една од најбараните локации во Кисела Вода, во непосредна близина на Економското училиште.
Овој уникатен имот е создаден за купувачи кои не прават компромис кога станува збор за простор, комфор, приватност и квалитет.
Карактеристики на станот:
Три пространи спални соби
Секоја спална со сопствена бања и гардеробер
Пространа и светла дневна соба со трпезарија
Современа и комплетно опремена кујна
Гостински тоалет
Подно греење во целиот стан
Централна климатизација
Најлуксузни материјали и опрема од премиум класа
Приватен двор со градина
Совршен простор за релаксација, семејни моменти и уживање во мирна и зелена околина.
Дополнителни ексклузивни содржини:
Сопствена винарија во подрумски простор
Utility room / техничка просторија
Голем подрумски простор за складирање
ДВЕ СОПСТВЕНИ ГАРАЖИ
Една од најголемите предности на овој имот е што доаѓа со две затворени гаражи, вистинска реткост на пазарот на недвижности во Скопје.
Локација: Кисела Вода – мирна и престижна населба со одлична поврзаност до центарот на градот, училишта, маркети и сите неопходни содржини.
Единствена прилика за купување на луксузен стан кој нуди комфор на семејна куќа, со приватен двор, винарија и две гаражи.