Опис
Се продава простран и целосно наместен трособен стан од 80 м² во Кисела Вода – веднаш до Средното економско училиште!
Во понуда е функционален и светол трособен стан, идеален за семејно живеење, сместен на одлична и мирна локација во Кисела Вода.
Карактеристики:
80 м²
Простран дневен престој со трпезарија
2 спални соби
Одвоена кујна
Заградена тераса
1 бања
6-ти кат (поткровје) во зграда со лифт
Југоисточна ориентација
Целосно наместен – подготвен за веднаш вселување
Станот има одлична топлинска изолација (20 см тервол и стиропор), што обезбедува пријатна температура и ниски трошоци во текот на целата година. Греењето е на клима, со можност за приклучок на централно парно.
Локацијата е една од неговите најголеми предности – веднаш до Средното економско училиште, во непосредна близина на основни училишта, градинки, парк, детско игралиште, маркети и јавен превоз, со брз пристап до сите потребни содржини.