Опис
На продажба прекрасен и функционален стан со вкупна површина од 110 м², сместен на 3-ти кат со лифт, во една од најубавите и најквалитетно изградени згради во населба Тафталиџе.
Распоредот е одлично организиран и опфаќа:
Пространа дневна соба со кујна и трпезарија
Две комфорни спални соби
Купатило
Гостински тоалет
Остава
Три тераси
Станот се наоѓа во исклучително одржувана зграда со приклучок на градско парно греење, а месечни трошоци за одржување на зграда нема.
Локацијата е една од најбараните во градот:
Слободен паркинг пред зградата
Детско игралиште веднаш до зградата
Парк и зелени површини
Маркети и продавници во непосредна близина
Училиште и градинка на неколку минути пешачење
Ова е ретка можност за купување семеен дом во мирна и урбана средина, со сите потребни содржини на дофат.